Навас се брани: Одев на топка, Брашанац се удри во мене (ВИДЕО)

По завршувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Бетис, кој на крајот заврши со победа од 2-1 на „кралскиот клуб“ се кренаа многу полемики околу неисклучувањето на Кејлор Навас по дуелот со Брашанац во 22. минута. Поради тоа се огласи и Костариканецот кој вели дека одел едноставно на топка и дека Србинот бил тој кој се удрил во него.

„Се обидов да ја удрам топката со глава и едноставно се судривме. Ниту во еден момент не отидов директно на играч, намерата ми беше топката. Противничкиот играч стигна во исто време и ме удри“, изјави Кејлор Навас по натпреварот.

По вчерашната победа фудбалерите на Реал Мадрид се искачија на лидерската позиција со два бода предност пред Барселона, но има и натпревар помалку од каталонскиот гигант.