Навас, Рамос, Модриќ, Роналдо - „кралевите“ пак ги собраа индивидуалните награди на УЕФА

На денешната церемонија на УЕФА одржана во „Грималди Форум“ во Монте Карло покрај ждрeпката за групната фаза на Лигата на шампионите и признанијата за најдобар фудбалер и фудбалерка, беа додели и награди за најдобри поединци на секоја позиција. 

Очекувано, за најдобар голман беше прогласен Кејлор Навас од Реал Мадрид, дефанзивата му припадна на капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос, најкорисен среден играч повторно е Лука Модриќ, додека за најдобар напаѓач е избран Кристијано Роналдо.  

Оваа година, претседателската награда на УЕФА ја доби поранешниот капитен на англиската репрезентација и ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам, за неговите успеси како фудбалер и за големиот труд вложен во хуманитарни цели.