Навас постави услови за да замине од Реал Мадрид

По доаѓањето на Тибо Куртоа, костариканскиот голман Кејлор Навас ја загуби стартната позиција во редовите на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан му даде до знаење дека може да си бара друг клуб, доколку не е задоволен од позицијата. Но, искусниот чувар на мрежата одлучи да побара десет милиони евра за да си замине од шпанската престолнина.

Тоа е платата за наредните две години, кога завршува неговиот тековен договор со „кралевите“.

Бенфика, Спортинг и ПСЖ се меѓу најсериозните кандидати за неговите услуги. Останува да видиме која ќе биде конечната одлука на Флорентино Перез.