ВИДЕО: Навас ПОЛЕТА во последната секунда и ја спаси победата на Реал

Кејлор Навас од можен трагичар, на денешниот натпревар против Бетис, се чини дека на крајот прерасна во вистински јунак. Тимот на Бетис поведе токму по автоголот на Навас, за да во продолжение преку Роналдо и Рамос, неговиот тим обезбеди предност од 2-1. Во 92. минута Санабриа прекрасно биеше со глава, но Костариканецот со пантерски скок го одбрани ударот и му донесе на својот тим важни три бода.