Навас незадоволен од својот статус, Костариканецот во јануари заминува од Реал Мадрид!?

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас е незадоволен од својот статус на „Сантијаго Бернебау“ и според шпанските медиуми тој уште во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „кралскиот клуб“.

31-годишниот Навас, кој неколку години беше неприкосновен на голот на Реал Мадрид и еден од најзаслужните за освоените титули во Лигата на шампионите, по доаѓањето на Тибо Куртоа го загуби својот првотимски статус. Според најавите, Флорентино Перз е подготвен да го ослободи Костариканецот, доколку некој од заинтерисаните клубови од Премиер лигата е подготвен да плати 18 милиони евра.

Во тековната сезона, Кејлор Навас за тимот на Реал Мадрид запиша осум настапи, на кои прими осум голови. Во тимот е од 2014 година, а претходно две сезони го носеше дресот на Леванте.