Навас не мрда од Реал и го продолжи договорот до 2021 година 

Голманот Кејлор Навас го продолжи договорот со европскиот шампион Реал Мадрид на уште две години, утрово открива „Марка“. 

Како што наведува елитниот шпански медиум, Навас иако имал неколку сериозни понуди оваа зима, на крај се решил за продолжување на соработката со Реал до 2021 година, а со новиот договор ќе заработува пет милиони годишно. 

32-годишниот костарикански репрезентативец скоро пет години е дел од шпанскиот гигант, со кого испиша историја и успеа да освои три трофеи во низа во Лигата на шампионите. 

Пред да застане на голот на „кралевите“ настапуваше за Леванте и Албасете во Шпанија, како и за домашната Саприса. Оваа сезона ја започна како прв голман на Реал, но потоа неговата позиција ја презеде Тибо Куртоа, кој изминатото лето од Челзи се пресели во Мадрид.