Навас му намигна на Куртоа по дебаклот на Реал за да си тера мајтап!?

Реал Мадрид одигра меч за заборав во Париз кај ПСЖ, затоа што доживеа пораз и ниту еднаш не шутна кон голот на „светците“, а по мечот, фотографија на која се голманите на двата тима стана хит.

Кејлор Навас од редовите на Реал Мадрид премина во ПСЖ, затоа што Тибо Куртоа стана „единицата“ на шпанскиот тим. На натпреварот од ЛШ тој имаше одличен настап, сочува „чиста мрежа“, а по натпреварот се случи интересен момент.

При поздравувањето, објективите го фатија Навас како му намигнува на Куртоа и му се смешка. Засега, чуварот на мрежата на ПСЖ нема образложение за потегот, но фотографијата стана вистински хит.

Можеби двајцата имаат нерасчистени сметки од времето на Реал Мадрид, па така, Навас ги дочека своите пет минути за да му се одмазди на Куртоа.