Навас: Мораме да ја победиме Србија!

Костарика не е во добра форма пред Мундијалот, а тоа го потврдија пријателските натпревари против Белгија и Англија. Првиот меч Костариканците ќе го одиграат против Србија во Самара, а голманот Кејлор Навас е оптимист и смета дека неговата репрезентација може да стигне до втората фаза.

„На Мундијалот сите мечеви се важни, но вистина е дека првите два одлучуваат бидејќи ви пружаат да го чекате третото коло во живот. Секако, натпреварот против Србија мора да го добиеме. Ќе се обидеме“, вели Навас.

Следен противник на Костарика ќе биде Бразил, додека третиот ривал во групната фаза од Мундијалот ќе биде Швајцарија.