Навас и Костарика елиминирани, на СП се пласира најмалата држава во историјата!

Завршија квалификациите за Светското првенство во Северна и централна Америка, а таму се случи сензација. Костарика и Кејлор Навас останаа без место на Мундијалот или баражот откако одиграа реми без голови со Хондурас (0-0). 

Во таа група изненадувањето беше Хаити кој ја победи Никарагва со 2-0 и така си го обезбеди првото место и директна виза за планетарниот собир. 

На Светското првенство се пласира најмалата држава во историјата, а тоа е Курасао. Оваа селекција ремизира со Јамајка во директна борба за врвот во групата (0-0) и со тоа ги испрати „Реге бојс“ во доигрувањето, а за себе си обезбеди директна виза. 

Директно на СП од оваа конфедерација оди и Панама, додека од групата А во баражот оди Суринам.