ВИДЕО: Наумовски излета во празно па се вадеше, Фаустин спаси сигурен гол!

Фудбалерите на Шкупи одиграа храбро прво полувреме против Шамрок Роверс, ја имаа иницијативата и го притиснаа ривалот, меѓутоа не успеаја да дојдат до погодок. Иако чаирчани беа во подобра положба на теренот, поблизу до гол беа гостите од Ирска. На стартот од дуелот Гафни ја стресе рамката од голот, додека во продолжението Шамрок имаше и уште една добра шанса.

Сепак, некаде околу 37. минута, ирскиот колектив беше многу близу до погодок. Голманот Кристијан Наумовски излета од линијата, топката дојде на пеналтикот, а Тауел биеше кон небранетиот гол. Сепак, Сенгор Фаустин реагираше практично од гол линијата и спаси чист погодок, за потоа и Наумовски да се врати и да го скроти ударот на Гафни. 

  • Двојната шанса на Шамрок во Скопје

Шкупи одново покажа дека може да се носи со противникот, меѓутоа предноста од два гола од Ирска и натаму останаа активни по првиот дел на „Тодор Проески“.