Наумоски: Имаме респект за Вардар, но сакаме да славиме во Скопје!

Екипата на битолски Пелистер попладнево ќе го одработи и последниот тренинг пред стартот на новата сезона во Првата македонска лига, каде во воведното коло ќе ги „вкрсти копјата“ со вечниот ривал, Вардар од Скопје. 

Битолчани се подготвени за предизвикот на Арената „Тодор Проески“, а своите очекувања и гледишта ги изнесе нивниот фудбалер за врска, Јорданчо Наумоски. 

„Максимално сме подготвени за гостувањето во Скопје. Имаме голем респект за Вардар, екипа составена од одлични фудбалери и одличен тренер, но сите знаеме каква тежина има ова македонско дерби.

Се надеваме дека трите бода ќе ги донесеме во Битола и ќе славиме со нашите навивачи, кои ќе нè бодрат во Скопје“, изјави Наумоски. 

Мега-дербито помеѓу Вардар и Пелистер ќе се одигра под рефлектори, во вечерниот термин од 20:00 часот.