• Иван Димовски

Брера Струмица продолжи со засилувањето на тимот пред новата сезона во ВМФЛ и официјализираше две нови имиња.
Нови членови на струмичкиот состав се 26-годишниот Стефан Наумчески и Владимир Жоглев, кои треба да донесат дополнителен квалитет и искуство во екипата на Ѓорѓе Стојчев.
Наумчески е добро познато лице во Струмица, каде што повторно се враќа по полусезоната помината во косовска Приштина. 26-годишниот дефанзивец претходно го носеше дресот на Брера, а во кариерата настапуваше и за Вардар и Тиквеш, додека има и настапи за младинските селекции на Македонија.
Жоглев во Брера Струмица пристигнува од Шкендија Арачиново, а во кариерата има настапувано и за Осогово, Победа, Борец, Вардар и Скопје. 27-годишниот напаѓач има искуство и од Првата македонска лига, каде што го носеше дресот на Вардар, а најголемиот дел од кариерата го помина во македонските второлигашки состави.
Струмичкиот тим новата сезона ќе ја отвори викендов со домашен меч против Еуромилк Горно Лисиче.




