„Натрапник“ ги прескокна сите пречки за да стигне до Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо

Екипата на Реал Мадрид се наоѓа на Кипар, каде ќе одигра меч против АПОЕЛ во рамки од 5. коло од Лигата на шампионите.

Само што пристигнаа во Никозија, фудбалерите предводени од Зинедин Зидан беа пречекани од голем број на фанови, а еден од нив предизвика мини-хаос. Тој прескокна преку обезбедувањето и сакаше да направи фотографија со Криситијано Роналдо, но не успеа во намерата поради брзата реакција на безбеднисните сили.

Ова не е нова појава за Португалецот, кој често е мета на навивачите ширум светот, кои прават чуда за да стигнат до негов потпис или фотографија.