Натпреварот Академија Пандев - Вардар Неготино одложен за во вторник

Натпреварот од редовото 21. коло во ВМФЛ помеѓу Академија Пандев и Вардар Неготино е одложен, поради вчерашната изненадувачка смрт на младиот репрезентативец на Македонија и член на струмичкиот клуб Филип Лазаревски.

15-годишниот Лазаревски вчера попладне загина во сообраќајна несреќа во близина на Струмица.

Средбата е поместена за во вторник, 18 април со почеток во 16.00 часот. Погребот на Лазаревски ќе биде извршен денес во 16.00 часот во село Бориево.