• Горан Упале
Лесно би можело да испадне дека настанот на сезоната во Германија е всушност пресметката помеѓу Баерн и РБ Лајпциг. Особено ако „булси“ успеат да изненадат во Минхен и на тој начин да ѝ го отворат патот на Борусија Дортмунд до првата титула по единаесет години.
Баварците значително го подобрија впечатокот со триумфот над Шалке од 6-0, а со тоа ги смирија тензиите во клубот, но ситуацијата во Зебенер Штрасе не е идеална - далеку од тоа. Јавноста и управата на клубот се кренаа и го принудија Томас Тухел да го врати Милер во стартните единаесет, па сега останува да се види дали ќе го задржат таму за претстојното дерби. На Тухел секако не му е сеедно што Управата му се меша во работата, а ситуацијата може дополнително да се искомплицира доколку Баерн киксне.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Баерн - РБ Лајпциг
На Лајпциг не му виси мечот над главата, како што беше со Вердер, додека гостите водеа со 1-0. Благодарение на пресвртот, четата на Марко Розе си купи голем кредит во вид на тоа дека може да загуби на „Алијанц Арена“ - дефинитивно во последното коло ќе одлучува за себе и за пласманот во Лигата на шампионите.
Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Бундеслигата
Но, ова олеснување може и да ги потурне Саксонците. Не треба да се исклучи ниту таквата можност... Од последните три меѓусебни средби во Минхен, Баерн победи еднаш и два пати беше нерешено. На претходните две гостувања РБ Лајпциг постигна вкупно пет гола.