Наташа Андонова и Сервет ќе играат во групната фаза на ЛШ!

Македонија ќе има репрезент во женската фудбалска Лига на шампиони, затоа што Наташа Андонова и нејзиниот нов клуб Сервет обезбедија место во елитата.

Сервет го загуби првиот меч од Спарта Прага од квалификациите со 2-3, но на домашен терен беше сигурен. Швајцарскиот првак победи со 3-0 и така обезбеди место во лигашката фаза на најелитното натпреварување кај дамите.

Андонова тргна од првата минута и го одигра целиот меч. Најдобрата македонска фудбалерка во Швајцарија пристигна ова лето како еден од главните адути во битката за ЛШ, од шпанскиот тим Мадрид.