• Мартин Танасковски

Напаѓачот Иван Настевски е слободен фудбалер, затоа што си замина од штипска Брегалница и ќе бара нова средина, а постои голема можност тој да се врати во Грција каде играше во два наврати.
28-годишниот фудбалер водеше преговори со штипјани, но двете страни не се договорија за продолжување на соработката. Настевски ќе има нов клуб, а понуди не недостасуваат. Неколку прволигашки клубови се заинтересирани за фудбалерот, но исто така постои интерес и од јужниот сосед каде може подобро и финансиски да се заработи.
Офанзивецот оваа сезона беше дел од тринаесет натпревари на Брегалница, а зад себе остава солиден учинок од шест гола и осум асистенции. Настевски кариерата ја почна во Македонија ЃП во 2007 година, па играше за Вардар, Работнички, Тетекс, Етникос Газорос, Агротикос, Нови Пазар, Еуромилк, Олимпијакос Волоу, Кит-Го и Брегалница.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк