ФОТО: Насмевки и подготвен тим за мегдан со Албанија утревечер!

Македонската репрезентација во одлична клима и со комплетен состав денес го одработи официјалниот тренинг пред мечот со Албанија, со кој утре ги отвораме квалификациите за Мундијалот во Русија.

Ангеловски работеше со сите фудбалери, нема повредени и скоро да нема дилеми околу стартниот тим. Само 15 минути љубопитите македонски и албански новинари го следеа тренингот, а потоа тактичко-техничките идеи беа подготвувани зад затворени врати.

Пандев, Тричковски и Ангеловски беа најбараните македонски личности за изјави пред утрешниот дуел, иако албанските навивачи ги препознаваат и фудбалерите на Шкендија во репрезентацијата.