• Зоран Мишевски

Првакот на Португалија западна во голема криза по тренерската смена. Жоао Переира може да биде отпуштен од функцијата, шеф на стручниот штаб на Спортинг Лисабон. 40-годишниот Переира, кој го презеде тимот на 11 ноември, не ја подобри играта, која делуваше многу стабилно со Рубен Аморим на клупата.
Средба помеѓу тренерот и управата е закажана пред натпреварот со Бенфика викендов. Познато е дека овој состанок ќе се однесува на правни прашања околу раскинување на договорот.
Во декември, Жоао Переира ја водеше екипата на три натпревари во првенството на Португалија, еден натпревар во Купот на Португалија и уште еден во Лигата на шампионите, при што имаше две победи, два порази и еден нерешен исход.
Во моментов клубот од Лисабон е втор во националниот шампионат, со 37 бода, зад Бенфика која има 38 бода.