• Горан Упале
Пол Погба може слободно да размислува за крај на кариерата. Францускиот играч за врска веќе неколку години не игра квалитетен фудбал, барем не каков што сме навикнати од него.
А кога падна на допинг тестот пред натпреварот со Удинезе во август, јасно беше дека нешто не е во ред со него, и дека официјалните лица ќе побараат четиригодишна суспензија за францускиот фудбалер. Останува само да се почека официјалната потврда, а кога тоа ќе се случи, Јувентус дефинитивно ќе го раскине договорот со Пол Погба.
Погба не тренира со клубот од септември, а според договорот годишно треба да заработува по осум милиони евра, до 2026 година. Секако дека договорот има клаузули, па во вакви случаи тој добива минимум 2.000 евра месечно.
Според „Газета дело спорт“, Јувентус нема „драматично“ да ја прекине соработката, туку на Погба ќе му понуди раскин на договорот, што, очигледно, ќе мора да го прифати.