„Нашите семејства беа во опасност по вина на неколку пијани навивачи“

Инцидентите на трибините, во кои учествуваа и одредени фудбалери, фрлија дамка врз вториот полуфинален натпревар на Копа Америка меѓу Колумбија и Уругвај.

Уругвајскиот репрезентативец Хозе Хименез објасни зошто дошло до тепачка меѓу репрезентативците и навивачите по натпреварот во Шарлот,.

„Навивачите на колумбиската репрезентација создадоа закана за сите наши семејства. Моравме да одиме на трибините да ги земеме нашите најблиски со новороденчиња. Немаше ниту еден полицаец, тие си заминаа. На секој натпревар нашите семејства страдаат по вина на двајца или тројца пијани кои се однесуваат непристојно“, изјави Хименез.

Колумбија ќе се соочи со Аргентина во финалето на Копа Америка, а Уругвајците ќе играат со Канаѓаните во мечот за третото место.

Состави

Марсело Биелса

4-4-2

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-3-3