Насер Ал-Келаифи станува газда на Алиоски и Лидс!?

Лидс Јунајтед

Лидс Јунајтед не успеа во обидот да се врати во Премиер лигата, но ги израдува навивачите со најдоброто издание во последните неколку сезони.

Тренерот Марсело Биелса го прероди тимот во кој игра и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Името на клубот во последните неколку дена се поврзува со Насер Ал-Келаифи, сопственикот на ПСЖ. Наводно, катарскиот магнат е заинтересиран да стане газда и на екипа од Англија.

Тој испратил понуда до Андреа Радричани кој е мнозински сопственик на второлигашот. Причината за интересот на Ал-Келаифи е можност да се има место каде ќе се испраќаат млади фудбалери од ПСЖ на позајмица.

Со Франција владее од 2011 година и вложи големи финансиски средства, па сега катарскиот бизнисмен сака своите инвестиции да ги насочи кон Островот.