„Наполи треба да ги открие плановите, Бенфика не е единствена загреана за Елмас“

Еден од најдобрите македонски фудбалери, бисерот на Наполи, Ељиф Елмас е концентриран на Европското првенство, додека фановите на Наполи се прашуваат дали новиот тренер Лучијано Спалети ќе има доверба во него следната сезона. 

Агентот на Елмас. Џорџ Гарди, вели дека има повеќе клубови кои сакаат да го обезбедат потписот на „дијамантот“.

„Ељиф сакаше да игра во Лигата на шампиони и затоа дојде во Наполи. Очигледно е дека е разочаран како и сите други од начинот на кој заврши сезоната, но, сега е фокусиран на Европското првенство. Бенфика не е единствениот клуб кој го бара да го доведе.

Од Наполи ќе треба да објаснат какви се плановите и каква шанса ќе добие. Треба да дознаеме дали новиот тренер ќе верува во него“, изјави Гарди.

Под Анчелоти и Гатузо, Елмас имаше и добри и лоши моменти, но никогаш целосно не се наметна како незаменлив стартер, како што тоа го направи кај Ангеловски во националниот тим.