ВИДЕО: Наполи прв го порази Јувентус и остана да царува во калчото!

Екипата на Наполи покажа дека има шампионски карактер оваа сезона. Тимот на Антонио Конте во дербито славеше над Јувентус (2-1) и ја продолжи фантастичната победничка серија во рамки на Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Со триумфот над Јувентус кој пристигна со пресврт, Наполи ја забележа седмата победа во калчото. Така, тимот останува на врвот на табелата со шест бода повеќе во однос на Интер, кој на своето конто има и два меча помалку. За Јувентус ова беше прв пораз во Серија А сезонава.

Што се однесува до натпреварот, Јувентус дојде прв до предност во 43. минута, благодарение на погдокот на новиот напаѓач Рандал Коло Муани. Французинот иако имаше само неколку тренинзи, успеа да го даде првенецот во Серија А на своето деби.

На стартот на вториот дел, Политано го проигра Ангиса, а тој успеа да погоди за Наполи и да израмни на 1-1. Се играше 69. минута кога Ромелу Лукаку дојде до голот број 200 во најдобрите лиги во Европа, по една грешка на дефанзивата на „бјанконерите“ и подарен пенал.

Во следното коло на Серија А, Наполи го чека уште еден дерби дуел, гостување кај Рома, додека Јувентус ќе биде фаворит на домашен терен против Емполи.

Состави

Антонио Конте

4-3-3

    Тиаго Мота

    4-2-3-1