Наполи со емотивна објава се прости од Елмас!

Елиф Елмас и официјално ја заврши својата позајмица во Наполи, откако денес, 30 јуни, истече договорот со италијанскиот гигант.

Наполитанците со емотивна објава на социјалните мрежи се простија од македонскиот репрезентативец, посакувајќи му многу успех во продолжението од кариерата.

„Секогаш ќе бидеме со тебе“, порачаа од Наполи, со што практично потврдија дека нема да ја активираат клаузулата за негов целосен откуп.

Елмас сега се враќа во Лајпциг, клубот со кој има важечки договор, но според актуелните најави, шансите да остане во германскиот бундеслигаш и следната сезона се минимални.