ВИДЕО: Наполи продолжува да тоне, преку пресврт загуби и од Болоња

Екипата на Наполи шести натпревар во низа не знае за победа во Серија А, затоа што вечерва остана без бодови и на дуелот против Болоња (2-1), иако по првото полувреме имаа водство од 1-0.

  • Извештај од натпреварот: 

На „Сан Паоло“ домашните фудбалери имаа тотална доминација во првиот дел, а доколку среќата беше на нивна страна ќе имаа далеку поубедливо во водство на полувреме. Фабиан Руиз во 10. минута промаши зицер од само неколку метри, а шест минути подоцна ВАР му поништи гол на Лозано, затоа што домашниот фудбалер беше во офсајд. 

По почетниот притисок на домаќините, Болоња конечно се ослободи и заигра подобро, па Џемаили ја пропушти единствена шанса на својата екипа во првиот дел, откако не успеа да погоди од само неколку метри. И иако се чинеше дека мрежите ќе мируваат на полувреме, искусниот Љоренте искористи еден отпадок и во 41. минута конечно донесе радост на трибините и водство на својата екипа од 1-0. 

На стартот од вториот дел Михајловиќ се реши на до подвлече првиот потег и во игра во внесе Олсен, кој по само неколку минути се најде на вистинско место и од неколку метри ја погоди прзната домашна мрежа и го израмни резултатот. 

Но, тоа не беше сè од гостинските фудбалери, кои како да добија крилја по постигнатиот гол и во 80. минута стигнаа до комплетен пресврт и конечна победа од 1-2. Големата радост на Михајловиќ и болоњезите им ја донесе Шансоне со прекрасен погодок во 80. минута. Во самиот финиш од натпреварот Љоренте повторно ја затресе гостинската мрежа, но овој пат погодокот беше поништен поради офсајд. Наполитанците  Нашиот репрезентативец, Ељиф Елмас повторно беше стартер, но не го заврши натпреварот, затоа што во 65. минута беше заменет со Мертенс. 

Со овој пораз, Наполи продолжува да тоне на табелата во Серија А, и сега е на осмата позиција со 20 бода, дури 17 помалку од лидерот Интер.

Состави

Carlo Ancelotti

4-3-3

    Sinisa Mihajlovic

    4-2-3-1