Наполи нема да чека, тргнува во операција за откуп на Елмас

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас игра одлична сезона во дресот на Наполи и е важен дел од првиот тим на Антонио Конте. Тоа го потврди и со голот против Торино, потег кој сериозно ја активира управата на наполитанците околу неговата иднина.

Елмас во моментов е на позајмица во Наполи од РБ Лајпциг, а италијанските медиуми пишуваат дека раководството на некогашниот првак на Италија почнало операција за откуп на македонскиот фудбалер од бундеслигашот.

Цената за откуп која РБ Лајпциг ја постави во позајмицата за Елмас изнесува 17.000.000 евра. Исто така, се работи и на откуп на Алисон од Спортинг, кој е позајмен со право на окуп од 16,5 милиони евра.

Елмас остави голема трага во Неапол и сега, но и во минатото. Играчот беше важен дел и од тимот кој го освои Скудетото во сезоната 2022/23.