• Мартин Танасковски
Екипата на Јувентус одигра одлично дерби со Наполи и со победа (1-0) ја продолжи добрата сезона на домашен терен, плус се искачи на врвот на Серија А; па притисокот го префрли кон најголемиот ривал Интер.
- Извештај од натпреварот:
„Бјанконерите“ немаат пораз на домашен терен и по осум одиграни натпревари и се најдобрата екипа пред својата публика во калчото. Ниту Валтер Мацари не успеа да го врати Наполи во колосек, оваа екипа не делува воопшто на онаа која лани стана шампион во најдобрата лига на „чизмата“.
Во првиот дел и двете екипи имаа шанси, ама немаше голови. Добар зицер промаши Кварачкелија кој игра во лоша форма. На стартот на вториот дел падна победничкиот гол, кога Камбиасо го пронајде Гати, а тој стрела за 1-0. Во 70. минута Наполи дојде до 1-1 преку Виктор Осимен, ама голот беше поништен поради офсајд.
Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас на овој натпревар влезе од клупата за резерви во 65. минута, ама не му помогна на својот тим да дојде до бодови на гостувањето во Торино. Јувентус има 36 бода и е пред Интер со 35 бода (има меч помалку), додека Наполи е петти со 24 бода и трет пораз во последните четири кола.