ВИДЕО: Наполи е есенски првак во Серија А, Хамшик донесе минималец кај Кротоне

Наполи

Маурицио Сари и Наполи ја завршија годината со победа кај Кротоне (0-1) и со тоа ја обезбедија првата позиција на табелата во Серија А по завршувањето на есенскиот дел.

Капитенот на гостите, Марек Хамшик беше херојот кој обезбеди нови три бода за својата екипа. Словачиот репрезентативец во минатото коло го надмина легендарниот Марадона и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а со денешниот гол ја продолжи својата голгетерска серија во новата сезона.

Останатите натпревари од 19. коло се играат утре, а во дербито од 18.00 часот ќе се сретнат Интер и Лацио.