• Горан Упале


Ниту еден од тимовите не беше претерано убедлив, но и Наполи и Реал ја минаа првата пречка во Лигата на шампионите, па во пресметката од второто коло на стадионот „Диего Армандо Марадона“ ќе се борат за превласт во групата Ц.
Наполи едвај ја победи Брага во првото коло со автогол на две минути пред крајот. На сличен начин, со многу труд, Реал го победи цврстиот Унион Берлин со голот на Џуд Белингем во четвртата минута од судиското надополнување. Сепак, оттогаш и двете екипи ја подигнаа формата и го подобрија впечатокот, а дуелот од второто коло го дочекуваат во добро расположение.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Наполи - Реал Мадрид
Небото над Неапол изминатиов период беше тмурно. На бледата игра и слабата форма на Хвича Кварачелија следеше и проблемот со Виктор Осимен поради контроверзниот пост на Тик-Ток кој се закануваше да предизвика раздор во соблекувалната. Сепак, избраниците на Руди Гарсија во неочекувано брзо време ги расчистија темните облаци, а од шампионските пукнатини се роди нов, исто толку возбудлив Наполи. Шампионот на Италија повторно игра на гол повеќе, на последните два натпревари постигна осум гола, по четири против Удинезе и Лече, а непосредно пред доаѓањето на големиот Реал проработи тандемот Квара-Осимен.
Сепак, и мадриѓаните изгледаат сѐ подобро. Тие загубија бодови само во дербито со Атлетико пред десет дена, а на југот на Италија пристигнуваат по победите едноподруго, рутински над Лас Палмас (2-0) и против Жирона, со која го презеде врвот на табелата во Примера.
Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Лигата на шампионите
Натпреварот во Неапол ќе биде петти меѓу Наполи и Реал, а во претходните четири италијанскиот тим нема победа. Кралскиот клуб трипати славеше, додека еднаш беше 1-1.