ВИДЕО: Наполи и со пораз до четвртфинале, големо реми за Валенсија во Краснодар

Наполи ЛЕ

Еден од големите фаворити за титулата во Лига Европа, Наполи, доживеа пораз на вториот меч против Салцбург (3-1), но поради убедливата победа на домашен терен обезбеди четвртфинале со вкупен резултат 4-3.

Извештај од натпреварот Салцбург - Наполи:

Мечот го отвори Арек Милик со прекрасен погодок во 14. минута. На истиот му претходеше неспретна реакција на домашната одбрана, која му овозможи на полскиот напаѓач да ја затресе нивната мрежа.

Десет минути подоцна одговори Мунас Дабур со прекрасна соло акција во противничкиот шеснаесетник. Тој го измами својот директен чувар и со прецизен удар по земја израмни на 1-1, што беше резултатот по првите 45 минути.

Продолжението донесе доминација на австрискиот првак кој притискаше со сите сили. Направи и неколку офанзивни измени, кои успеаја да помогнат да се прекокне бедемот кој Карло Анчелоти го постави пред Алекс Мерет. Токму нововлезениот Фредрик Гулбрандсен со лизгачки старт ја круниса долгата акција на неговите соиграчи и направи целосен пресврт на „Ред Бул Арена“.

Салцбург успеа да постигне и трет погодок преку Кристоф Лајтгеб, но сепак на крај се радуваше италијанската екипа, која обезбеди место меѓу најдобрите осум во ЛЕ.

Возбудлива завршница донесе натпреварот меѓу Краснодар и Валенсија (1-1), а конечниот резултат на крај повеќе им одговараше на гостинските фудбалери, кои со гол во надополнувањето ја остварија својата цел.

Извештај од натпреварот Краснодар - Валенсија:

Домаќинот имаше повеќе од играта и направи повеќе шанси за гол и поведе со голот на Магомед-Шапи Сулејманов на пет минути до крајот. Кога се чинеше дека тоа е крајот, на сцена стапи Гонзало Гуедес кој погоди во 93. минута и донесе радост за „лилјаците“.

„Златниот“ гол на Гуедес: