Наполи го продолжи договорот со капитенот

Капитенот на Наполи, Џовани ди Лоренцо, денеска го продолжи договорот со клубот од Неапол до 2030 година.

33-годишниот Ди Лоренцо дојде во Наполи од Емполи во 2019 година и оттогаш одигра 307 натпревари за клубот од Неапол на кои постигна 20 голови и додаде 42 асистенции. Со Наполи Ди Лоренцо освои две титули во италијанското првенство, како и по еден трофеј во националниот куп и Суперкупот на Италија.

Ди Лоренцо зад себе има 53 натпревари за италијанската репрезентација на кои постигна пет голови.