ВИДЕО: Наполи го надигра Баерн на Нагелсман, Елмас одигра цел меч

Екипата на Баерн Минхен никако да победи под водство на новиот тренер Нагелсман. „Баварците“ доживеаја неуспех на четврти натпревар во низа, откако загубија од италијанскиот калчолигаш Наполи (0-3).

  • Извештај од натпреварот:

„Наполитанците“ одиграа одлично во Минхен, пред се во второто полувреме кога трипати ја стресоа мрежата на противникот. Голеадата почна во 70. и 71. минута, кога Виктор Онсимех ги казни двете грешки на дефанзивците на Баерн Минхен и двапати ја стресе мрежата на ривалот во една минута, а потоа, во 86. минута Зинедин Мачач даде ефектен погодок.

Ељиф Елмас го почна натпреварот од првата минута и беше еден од ретките кој го одигра мечот од почетокот до самиот крај.

Наполитанците и баварците продолжуваат со пријателските средби пред стартот на новите предизвици во Серија А, односно Бундеслигата.