• Сашо Поповски

Во изминатиот период се шпекулираше дека Ељиф Елмас ќе бара повисока минутажа или првотимска улога во Наполи, а ако не го добие тоа, ќе инсистира да си замине од клубот.
Еден вид демант дека односите меѓу италијанскиот тим и офанзивецот се на високо ниво пристигна преку видео на социјалните мрежи. Калчолигашот сподели компилација од најдобрите потези на македонскиот репрезентативец и со тоа ги потсети навивачите кои се неговите квалитети и што може да се очекува од него во новата сезона.
Во ланската сезона Елмас одигра солиден број на натпревари, а заврши со учинок од седум гола и исто толку асистенции.