Наполи го договори трансферот на Мексиканецот Лозано

Калчолигашот Наполи веројатно ја доби битката со големите европски клубови за потписот на мексиканскиот репрезентативец од ПСВ Ајндховен, Ирвинг Чуки Лозано.

Изминатиот викенд преставници на Наполи веќе договориле трансфер вреден 40 милиони евра, а Лозано преферирал да дојде во Неапол, а не во Барселона, каде не би имал загарантирано место во стартниот тим.

Мексиканецот влече повреда на коленото и не игра во последните неколку кола од Ередивизие. Сепак, наскоро треба да им се врати на тренинзите во пресрет на „Голд Купот“, натпреварување каде Мексико е еден од фаворитите.

Лозано блесна на Светското првенство и значително ја зголеми својата цена на пазарот.