Наполи ги собра наградите за најдобрите во сезоната во Серија А

На церемонија во Торино синоќа беа прогласени најдобрите во италијанскиот фудбал за сезоната 2022/23. Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А во изборот на Здружението на професионални фудбалери. Тој со 26 гола на 32 натпревари беше еден од најзаслужните за освоената титула .

За најдобар тренер е избран поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, а Квича Кварацелија ја доби наградата за најубав гол.

Вака изгледа идеалниот тим на минатата сезона во Серија А:

Мајк Мањан (Милан). Џовани ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин-Јае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Хернандез (Милан). Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Чалханолу (Интер), Николо Барела (Интер). Квича Кварацелија (Наполи), Виктор Осимен (Наполи), Рафаел Леао (Милан).