• Саше Љолес
Екипата на Наполи продолжува да прикажува одлични игри и вечерва го торпедираше Палермо во 1/16 финалето од италијанскиот Куп со конечни 5-0 (3-0).
Антонио Конте им даде шанса на играчите кои се борат за место во првиот тим, а тука најдобро се снајде Сирил Енгонг, кој двапати за само пет минути го совлада Салваторе Сиригу. Белгиецот биеше во 7. и 12. минута, а до крајот на првиот дел мрежата ја затресе и Хуан Хесус. Наполи водеше со сигурни 3-0 на паузата.
Вториот дел претставуваше чиста рутина за тимот на Конте, а триумфот беше заокружен со головите на Давид Нерес и Скот Мектоминеј. Двајцата ги постигнаа првите голови во дресот на Наполи сезонава и му донесоа на својот тим сигурен пласман во осминафиналето.