Наполи доведе нов десен бек, пристигна Малкуит од Лил

Иако преговараше со Дармиан и Аријас, италијанскиот вицешампион Наполи го доведе Кевин Малкуит од Лил на позицијата десен бек.

Претседателот на Италијанците, Аурелио де Лаурентис плати 12 милиони евра плус бонуси, за да го задоволи Карло Анчелоти, кој бараше уште еден десен бек покрај Албанецот Хисај. 

Малкуит ја започна својата кариера во Монако, па се пресели во Сент Етјен, а блесна и своето фудбалско име го изгради во Лил.

Наполи во овој преоден рок остана без Жоргињо, но ги доведе Верди и Фабиа Руиз.