ВИДЕО: Наполи доцна се разбуди, Осимхен донесе реми на „Кинг Пауер“

Фудбалерите на Наполи успеаја да извлечат реми на тешкото гостување на „Кинг Пауер“, играјќи 2-2 (1-0) против Лестер во првото коло од Лигата на Европа. Иако „лисиците“ на Брендан Роџерс имаа два гола предност и контрола на мечот, Виктор Осимхен успеа со два гола да го сруши ривалот и да донесе бод за Наполи.

  • Лестер - Наполи 2-2:

По само девет минути игра во Лестер, Ајозе Перез успеа да реализира по добро нафрлување од Барнс. Домашните поведоа и лесно ги одбиваа налетите на ривалот, не дозволувајќи голот на Шмајхел да биде загрозен. По стартот на полувремето, Патсон Дака ја стресе мрежата на Оспина, но голот беше понитен поради офсајд. Харви Барнс сепак успеа да удвои во 64. минута, за 2-0 на Лестер. Иако изгледаше дека Наполи ќе загуби, на сцена стапи Виктор Осимхен, кој со два гола донесе бод за својот тим. Половина час на теренот доби Ељиф Елмас, а македонскиот играч за врска имаше и шанса откосо, но Шмајхел му го одбрани ударот. 

  • Монако - Штурм 1-0:

Домашна победа запиша екипата на Монако, откако го совлада Штурм во кнежевството со 1-0 (0-0). Австријците добро парираа, не дозволуваа францускиот тим лесно да дојде до триумфот, но доминацијата беше видлива. Решавачкиот гол беше дело на Крепин Диата, кој во 66. минута реализираше за 1-0. 

  • Ренџерс - Лион 0-2: 

Фаворитската улога ја оправда Лион, победувајќи кај Ренџерс со 0-2 (0-1). Иако избраниците на Стивен Џерард се надеваа да го сопрат ривалот, Лион со погодоците на Тото Екамби и автогол на Таверние стигна до победата. 

  • Ајнтрахт Франкфурт - Фенербахче 1-1: 

Два атрактивни пара одиграа ремија. Ајнтрахт Франкфурт губеше, но стигна до бод во домашната пресметка со Фенербахче (1-1), а Реал Сосиедад испушти пресврт и одигра 2-2 кај ПСВ. Реми без голови одиграа Брондби и Спарта Прага, додека Олимпијакос со 2-1 го совлада Ројал Антверп.

  • ПСВ - Реал Сосиедад 2-2: 

Состави

Brendan Rodgers

4-4-2

    Лучијано Спалети

    4-4-2