Наполи без столбот на одбраната до крајот на сезоната?

Најдобриот дефанзивец во редовите на Наполи, Калиду Кулибали заработи повреда на мускулот на листот, поради што е надвор од комбинација изминатите две седмици. 

„Партенопеите“ останаа без столбот на одбраната во клучен дел од сезоната, а најавите од Италија велат дека Сенегалецот нема да се врати на време за завршните неколку кола од Серија А. Речиси сигурно Кулибали нема да игра со Специја, Удинезе и Фиорентина, но од Наполи се надеваат дека ќе се врати на време за последното коло со Верона. 

Наполи е во тесна битка со Милан, Јувентус и Аталанта за место кое води во Лигата на шампионите, па отсуството на Кулибали ќе биде голем хендикеп. Оваа сезона Кулибали одигра 26 натпревари за екипата каде што настапува и Ељиф Елмас, а е важен дел од составот на Гатузо.