ВИДЕО: Наполи без Елмас до нов кикс, седми меч без победа во Серија А

Фудбалерите на Наполи повторно потфрлија и освоија само еден бод на гостувањето во Удине (1-1). Избраниците на Карло Анчелоти го забележаа седмиот натпревар без триумф во Серија А, плус два реми натпревари во Лигата на шампионите. Домашната екипа успешно одолеа на притисокот на Наполи и дојде до бод. Нашиот Ељиф Елмас не доби шанса за настап и остана на клупата за резервни играчи.

  • Извештај од натпреварот

Во првото полувреме гостите играа подобро но не успеваа да погодат. Резултатот беше отворен во 32. минута кога Лазања погоди по една одлична длабочинска топка низ одбраната од Фофана. 

Притисокот на гостите се исплати во 69. минута кога Пјотр Зиелински најдобро се снајде по мешаница на околу дваесетина метри. Тој ја зеде топката и со удар лева нога го матираше голманот на Удинезе. До крајот на средбата гостите од Неапол имаа уште неколку шанси, но не успеаја да дојдат до три бода. 

Наполи веќе во вторник игра на „Сан Паоло" против Генк, во одлучувачкиот дуел групната фаза во Лигата на шампионите. На екипата предводена од Анчелоти од оваа средба би им годел и бод, бидејќи со него математички би обезбедиле сигурен пласман во нокаут фазата. 

Голема победа запиша Аталанта, која со голот на Џимшити во судиското надополнување ја совлада Верона со 3-2 и во добра клима ќе го дочека натпреварот со Шахтјор во Украина во Лигата на шампионите. 

  • Аталанта - Верона 3-2: 

Вечерва саботната понуда од 15. коло на Серија А се затвора со натпреварот Лацио - Јувентус. 

Состави

Luca Gotti

3-5-2

    Gennaro Gattuso

    4-4-2