ВИДЕО: Напаѓачкото трио на Марсеј ги улови „канаринците“

Олимпик Марсеј продолжи да игра во ритам во француска Лига 1, славеше над Нант (3-1) и врза четири успеси во низа со кои се искачи во горниот дел на табелата.

  • Извештај од натпреварот: 

Посакуваната победа за домаќинот кој важеше за фаворит на хартија ја донесе напаѓачкото трио Тован, Паје и Бенедето. Тројцата постигнаа по еден гол во мрежата на противникот, кој на крајот успеа само да го ублажи поразот.

Резултатот на „Велодром“ се отвори уште во 2. минута, кога мрежата на Нант ја стресе Тован. Во 35. минута позитивата за домашните ја удвои Паје, додека во 60. минута Бенедето стрелаше од пенал. Нант го ублажи поразот во 73. минута преку Блас.

Марсеј е на третото место со 21 освоен бод, а во следното коло гостува кај Ним. Нант го доживеа петтиот пораз во 12-тиот натпревар сезонава.