Напаѓач со премиерлигашко искуство ја засили Црвена Звезда за ЛШ!

По новиот голем успех и второто во низа учество во групната фаза на Лигата на шампионите, Црвена Звезда се фати за работа и веќе го договори најновото засилување за своите редови. 

Нов член на српскиот шампион е холандскиот интернационалец Ван Ла Пара, кој може да одговори на повеќе позиции во офанзивата, а најкорисен е на десната крилна позиција, баш таа која беше најтенка во ростерот на Владан Милојевиќ. 

28-годишниот Ла Пара доаѓа од тимот на Хадерсфилд, каде настапуваше во Премиер лигата. Црвена Звезда за овој трансфер издвои 1,2 милиони евра, а фудбалерот потпиша тригодишен договор, со кој ќе заработува по 500.000 евра по сезона, плус бонуси. 

„Црвено-белите“ во групната фаза за Лигата на шампионите ќе се сретнат со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.