ВИДЕО: Нант за едно полувреме го „нокаутира“ и победи ПСЖ во Лига 1

Екипата на Нант го шокира лидерот ПСЖ и на својот „Стејд де ла Божур“ го победи со 3-1 (3-0). Пресметката од 25. коло на француската Лига 1 понуди три шокантни гола во мрежата на фаворитот во првиот дел, а потоа доминација, гол и промашен пенал на Нејмар во продолжението. 

  • Извештај од натпреварот: 

Четири минути им беа потребни на домашните да се радуваат на прв гол. Коло Муани го матира Навас по проигрување од Симон за 1-0. Иако Меси имаше добра шанса и вториот погодок беше во мрежата на ПСЖ. Квентин Мерлин одлично се снајде и со удар од шеснаесетникот удвои на 2-0. 

Парижани притиснаа, шансите на Мбапе, Идриза Гана Геј и Нејмар ги спречи Лафонт, а пред полувремето дојде до драма. Судијата му покажа црвен картон на Апиах од Нант, но по преглед на ВАР снимката ја смени одлуката. Длабоко во судиското продолжение со рака играше Вајналдум, па Лесаж одново доби повик да гледа снимка. Откако Нант доби пенал, сигурен од единаесет метри беше Лудовик Блас за „нокаут“ и огромни 3-0.

 

Драмата не изостана и во продолжението. Нејмар, по асистенција на Меси, успеа да намали на 3-1 уште во 47. минута, а потоа доби и пенал. Сепак, ударот на Бразилецот го одбрани голманот Албан Лафонт. Потоа чуварот на мрежата на Нант беше практично на „стрелиште“. Меси, Мбапе, Ди Мариа, Дракслер се обидуваа, ама мрежата на домаќинот не се тресеше. 

Иако ПСЖ киксна, има огромна предност од тринаесет бода пред Олимпик Марсеј, кој утре игра со Клермон. Од друга страна Нант со 38 бода е на петтото место.

Состави

Antoine Kombouare

3-4-3

    Кристоф Галтие

    4-3-3