ВИДЕО: Нант со играч помалку го изненади фаворизираниот Лил

Екипата на Нант приреди мало изненадување и го совлада фаворизираниот Лил со минимални 1-0 (0-0) во натпреварот од 26. коло во француската Лига 1. 

Победата е уште позначајна за домаќините ако се земе предвид дека до неа стигнаа со играч помалку, откако беше исклучен Жан Кастелето во 74. минута. Се чинеше дека Лил има добра основа за освојување на трите бода, но потоа следуваше шок за гостите кога Мостафа Мохамед погоди за 1-0 само девет минути подоцна. 

Домашниот тим успеа да ги запре налетите на Лил и на крајот се избори за победа со која стигна до 27 бода, додека денешниот ривал останува на петтата позиција со 44 бода на своето салдо.