ВИДЕО: Нант приреди сензација, со пресврт запиша три бода против ПСЖ

Екипата на Нант се бори за опстанок, ама приреди големо изненадување во натпреварот против Пари Сен Жермен и успеа да слави (1-2) над актуелниот првак.

  • Извештај од натпреварот:

Почетино како тренер на ПСЖ го доживеа најголемиот пораз против „канаринците“. Давеникот во Лига 1 успеа да освои три бода во Париз и се одлепи од претпоследното место на табелата кое води директно во Лига 2.

И тоа Нант дојде до победата со пресврт. По првиот дел, ПСЖ водеше благодарение на голот на Дракслер во 42. минута, додека во второто полувреме Коло во 59. и Симон во 71. минута донесоа голема победа за аутсајдерот.

За Нант ова беше прва победа по четири кола. Тимот има пет успеси во Лига 1 оваа сезона и опстанокот станува пореален со овие три бода. ПСЖ го доживеа седмиот пораз и е на „минус три“ од лидерот Лил.