Нант по лошата серија резултати експресно комплетира тренерска смена

Францускиот прволигаш Нант се реши за тренерска смена, а истата беше завршена за експресно време. 

Веднаш по отказот кој го доби Пјер Аристој ,поради серијата лоши резултати, клубот ја промовира неговата замена. Се работи за Жоселин Гувернек, кој парафираше договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година ако врши добра работа. 

Нант котира лошо во Лига 1, се наоѓа близу до опасната зона и веројатно го очекува борба за опстанок. Поранешниот француски првак мора да ја крене формата за со време да се издигне од проблемите, а Гувернек е одбраната опција за новиот почеток.

Во својата кариера Гувернек работеше како тренер на Лил, Гинамп, Бордо и Ла Роче Венде.