• Иван Димовски
Фудбалерите на ПСЖ и Нант одиграа нерешени 1-1 (1-1) во натпреварот од 13. коло на француската Лига 1. Средбата на „Паркот на принцовите“ заврши со делба на пленот, за крај на серијата победи на парижани во првенството.
Домашната публика се израдува на самиот почеток бидејќи Ашраф Хакими веќе во втората минута го отвори резултатот и донесе предност за парижани по асистенција на Рамос. Нант беше во целосно подредена позиција, меѓутоа успеа во првиот дел да стигне до израмнување.
Течеше 38. минута, одлична соло акција имаше Матис Аблине и го матира Донарума со неодбранлив удар за 1-1. Доминираше ПСЖ, имаше неколку шанси за погодок ама недостигаше концентрација во завршницата на акциите. На крајот натпреварот заврши со реми и по бод за екипите.
- Извештај од натпреварот:
И покрај ова реми ПСЖ има шест седум бода предност на водечката позиција во однос на Монако, додека Нант со десет е на 16. позиција.