• Зоран Мишевски

Во натпреварот на сезоната за двете екипи, Нант го освои Купот на Франција, победувајќи ја Ница со 1-0 (0-0) на „Стад де Франс“ во Сент Дени.
По 21 година Нант стигна до трофеј и тоа кога најмлакку тоа од оваа екипа се очекуваше. Победата над Ница ја донесе Лудовик Блас од пенал во 47. минута. Дуелот беше израмнет, наликуваше на типичен завршен натпревар за титула, а Ница не успеа да ги повтори одличните партии со кои стигна до финалето.
Кристоф Галтие и екипата до Азурниот брег сега мора да се бори за место во Европа преку Лига 1, каде исто така не им се преголеми опциите и покрај одличниот есенски дел.
- Извештај од натпреварот:
Oва е севкупно четврти трофеј од Купот за Нант, а вкупно петнаесеттти трофеј во историјата на клубот. Од следната сезона Нант ќе ја претставува Франција во групната фаза на Лига Европа.