ВИДЕО: Нант и Ница ќе се борат за трофејот во Купот на Франција

Два номинално мали клубови ќе играат за титулата во Купот на Франција, откако, на Ница од синоќа, вечерва му се приклучи и Нант, елиминирајќи го фаворизираниот Монако

  • Нант - Монако 2-2 (4-2 по изведување на пенали):

Нант по изведување на пенали славеше со 4-2 против тимот од кнежевството, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 2-2. Парагваецот Марипан донесе предност за Монако, но Нант израмни со автоголот на Сидибе во 21. минута. Прво водство за „канаринците“ обезбеди Моутусами во 74. минута, а Боаду во 76. минута, израмнувајќи, го внесе натпреварот во пенал-рулет. 

Најголемите ѕвезди во тимот на Монако, Бен Једер и Чумамени не реализираа казнени удари и Нант слави пласман во финалето следниот месец во Париз.

  • Ница - Версај 2-0:

Синоќа Ница го надигра Версај со 2-0 и обезбеди место во финалниот натпревар.